За Parkland Hospitality Group (PHG)

За Parkland Hospitality Group (PHG)

Parkland Hospitality Group (PHG) е водечка компанија за управување со хотели со седиште во Скопје, главниот град на Република Северна Македонија. Сместена во срцето на градскиот парк, покрај реката Вардар, PHG ја спојува природата, современиот дизајн и беспрекорната услуга за да создаде уникатно хотелско искуство во најживописниот и зелен дел од градот.
Со вкупна површина од 13.450 m², групацијата опфаќа две премиум хотелски брендови — Park Hotel & Spa (5★) и Next Door Park Hotel (4★) — како и ресторани, барови, комплетен Spa & Fitness центар и мултифункционални конференциски сали.
Од отворањето на првиот хотел во 2016 година, PHG постојано го проширува својот портфолио, ги унапредува стандардите на услуга и ја зацврстува позицијата како една од најпрепознатливите угостителски групации во регионот.

Нашата Мисија

Да создаваме незаборавни хотелски искуства преку инвестирање во нашите луѓе, обезбедување светски стандарди на услуга и растење заедно како едно семејство, додека континуирано го подобруваме секој аспект од патувањето на нашите гости.

Нашата Визија

Да бидеме преферирана угостителска групација во регионот, препознаена по исклучителни искуства на гостите, иновативни концепти и култура во која луѓето се чувствуваат ценети, инспирирани и горди што припаѓаат.

Нашите Вредности

Нè води јасен систем на принципи и посветеност на:


    Извонредност во услугата — Поставуваме и надминуваме највисоки стандарди во секоја детал
    Доверба и транспарентност — Играеме чесно и градиме односи со интегритет
    Иновации и раст — Прифаќаме нови идеи и постојано ја унапредуваме услугата
    Почит кон традицијата — Ги цениме нашите корени додека креираме современа иднина
    Семејство и заедништво — Растеме како еден тим, поддржувајќи се меѓусебно
    Луѓето на прво место — Нашите вработени се срцето и силата на нашиот успех

Нашите Хотели

Park Hotel & Spa – 5★ (основан 2016)
Нашиот водечки хотел со 79 луксузни соби и апартмани, меѓу кои Superior, Business, Junior Suite, Deluxe, Executive, Ambassador и Presidential Suite.
Гостите уживаат во современ комфор, збогатен со ексклузивни погодности и персонализирана услуга.

Next Door Park Hotel – 4★ (основан 2019)
Сместен веднаш до Park Hotel & Spa, овој модерен хотел нуди 64 соби, стандардни и екзекутивни, многу од нив со поглед на реката или арената.
Совршен избор за деловни патувања и опуштени престојувања, со целосен пристап до сите содржини на PHG.

Гастрономија

FOUR Restaurant - Сигнатурна кујна со dry-aged месо, врвни вина, cigar bar и седење на затворено, отворено и на тераса

Brick Eat Lounge & Bar — Целодневна кујна и коктели со внатрешен простор, тераса покрај реката и пространа градина за настани

Wellness & Lifestyle

Spa Park (600 sq.m) — Релакс базен, термални лежалки, сауна, парна бања и соби за третмани и масажи

Fitness Park (700 sq.m) — Опремен со најсовремени TechnoGym уреди и професионални тренери

Конференции и Настани

PHG нуди прилагодливи конференциски и банкет решенија за деловни настани, прослави и приватни собири.
Конференциски простори:
• Amsterdam Hall
• Barcelona Hall
• New York Hall
• Executive Lounge
Достапни се услуги на кетеринг, вклучувајќи храна, пијалоци и целосна опрема за сервирање.

Создадено да инсспирира. Изградено да трае.

Во Parkland Hospitality Group создаваме повеќе од престој — создаваме искуства обликувани со страст, професионализам и искрена грижа. Од топлината на нашите луѓе до удобноста на нашите простори, секој момент е внимателно дизајниран да биде незаборавен.