Изминатиот викенд, Parkland Hospitality Group, дел од Malique Group, спроведе акција по повод World Clean Up Day 2025.
Во весела атмосфера со силна мотивација нашите тимови здружено го исчисти кејот на реката Вардар во околината на Park Hotel & Spa. Заедно собравме отпад, ја освеживме околината и придонесовме за почиста и позелена заедница.
Преку оваа иницијатива, нашата цел е да поттикнеме трајна еколошка свест кај нашите вработени, гости и пошироката заедница.
- За нас, ова е многу повеќе од годишна активност – тоа е одраз на нашата постојана мисија да го заштитиме и негуваме зеленилото околу нас.
- Делувајќи заедно, можеме да создадеме почиста, поздрава и позелена иднина за идните генерации.


